1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тајната на германскиот фудбалски успех

Константин Штиве9 јуни 2016

Што се крие зад ренесансата на германскиот фудбал? Константин Штиве трагаше по одговорите на ова прашање. Погледнете го неговиот документарен филм.

https://p.dw.com/p/1IxHB
Фотографија: Reuters/D. Staples

Тајната на германскиот фудбалски успех

Во јули 2014 година, Филип Лам го подигна Светскиот куп високо во воздухот пред берлинската Бранденбуршка порта. Тоа беше специјален момент. Германија чекаше 24 години за да ја врати највредната титула во фудбалот. Оттогаш, германскиот фудбал си го поврати статусот најдобар. Германските играчи се на цена, на германскиот систем му се восхитуваат, а германските тренери се барани насекаде. Но, што се крие зад ренесансата? Константин Штиве тргна во потрага по одговорите на ова прашање.