Тачи тврди дека голема Албанија не е албанска идеја
20 јуни 2012Реклама
„Голема Албанија“, не е албанска идеја, туку е идеја на оние кои што сакаат да ги компромитираат Албанците, изјави вчера (19.06) во Софија косовскиот премиер Хашим Тачи, завршувајќи ја дводневната официјална посета на Бугарија. Тој додаде дека Албанците ќе живеат на простор со отворени граници, а Косово и Албанија ќе станат дел од Европската унија.
Според косовскиот премиер, Албанците во Македонија и Црна Гора работат за европска интеграција на државите во кои живеат.
Тачи истакна дека иако Косово не е признато од пет држави членки на ЕУ, тие ја поддржуваат неговата европска перспектива.