1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Талибанците ја нападнаа Изборната комисија

ЖА/дв/дпа/афп/ртре29 март 2014

Радикално исламистичките талибанци ја нападнаа зградата на Централната изборна комисија во Кабул. Од зграда која ја зазеле, тие водат престрелки со безбедносните сили. Затворен е аеродромот во близина поради опасност.

https://p.dw.com/p/1BYO5
Фотографија: Reuters

Една недела пред претседателските избори во Авганистан, талибанците ги остваруваат своите закани дека ќе ги саботираат и ќе организираат напади. Во близината на Централната изборна комисија во Кабул се случиле две експлозии. Јакуб Расуф, директорот на аеродромот во Кабул, кој е во близина, соопшти дека е затворена пистата поради опасност авионите да бидат нападнати од страна на талибанците, кои стрелаат врз комплаксот каде е сместена авганистанската Централна изборна комисија.

Комплексот каде се наоѓа Централната изборна комисија се наоѓа до јужниот крај на кабулскиот аеродром. Поради затворање на аеродромот откажани се летовите на „Ер Индија“ и на „Емиратес ерлајнс“. Се‘ уште нема информации за евентуалните жртви во нападот.

Претходно, авганистанската полиција соопшти дека талибанците зазеле една зграда во Кабул од каде пукаат врз комплексот во кој се наоѓа Централната изборна комисија. Талибанците на Твитер ја презедоа одговорноста за нападот. Очевидец тврди дека напаѓачите се наоѓаат во трикатна куќа, која од комплексот е оддалечена околу 500 метри. добро обезбедуван.

Претседателските избори во Авганистан треба да се одржат на 5. април, на нив треба да биде избран наследник на Хамид Карзаи, кој не може да се кандидира за трет мандат.

Талибанците се обидуваат да ги спречат изборите. Вчера во напад врз невладина организација во Кабул беше убиено едно девојче, а еден стражар ранет. Во вторникот беа убиени пет лица во напад врз бирото на Изборната комисија, а пред една недела исламистите во атентатот врз хотел во Кабул застрелаа девет луѓе.