1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Талибанците презедоа одговорност за убиството на Рабани

21 септември 2011

Екстремистичките талибанци презедоа одговорност за самоубиствениот напад врз поранешниот авганистански претседател Бурханудин Рабани.

https://p.dw.com/p/12dK0
Комеморација за убиениот Бурханудин РабаниФотографија: DW

Според наводи на талибански претставници, двајца талибанци се сретнале со Бурханудин Рабани во неговата куќа, при што едниот го активирал експлозивот сокриен во неговиот турбан. Освен Рабани и двајцата талибанци, вчера во нападот загинаа и четворица припадници на безбедносните сили.

Атентатот врз Рабани предизвика огорченост во светот. Американскиот претседател Барак Обама рече дека смртта на Рабани е „трагична загуба“. На средбата со авганистанскиот претседател Карзаи, двајцата политичари изразија уверување дека Авганистан, независно од нападот, и натаму ќе продолжи да чекори кон мир. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен даде уверување дека нападот нема да влијае врз соработката на НАТО со Авганистан. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле, пак, изјави дека Германија ќе му дава поддршка и натаму на Авганистан на патот кон помирување и мирна иднина.

Една задачите на Рабани како шеф на таканаречениот Мировен совет, беше да работи на помирување со радикално-исламистичките талибанци. Инаку Рабани, припадник на малцинскиот народ Таџици, беше на чело на Авганистан од 1992 до 1996 година. Со неговото убиство, како што се проценува, ослабнати се надежите за почеток на мировни преговори со талибанците и отежнати се напорите за држење под контрола на етничките спорови во земјата.

Автор: ЕМФ/ГЧ/дв/бета

Редактор: Борис Георгиевски