1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сѐ помалку книги во Хрватска

Игор Ласиќ/ Симе Недевски13 октомври 2013

Економската криза ја погоди особено болно една од најделикатните општествени структури-културата на книгата. Опаѓа бројот на издадени домашни и преведени наслови, издавачи и книжарници,а денес се чита само во библиотеки.

https://p.dw.com/p/19mZb
Фотографија: ullstein bild - Wodicka

Состојбата на книгата во Хрватска е тема која секогаш повторно го привлекува вниманието на домашните медиуми, иако и тие последните години не се интересираа за самата книжевност.

Медиумски културни рубрики има сѐ помалку, и во најголемиот дел се поврзани со оние посветени на естрадата, забава и слично. Но, грубо може да се каже дека периодот од 2000. до 2008. година претставуваше ренесанса за издавачката и книжарската бранша во Хрватска. Она што дојде потоа и што трае до денес, е очигледно назадување. Тоа не е исклучок и во економијата, ни во Хрватска ни во светската, но факт е дека во економско постабилните земји најлесно и најпрво страдаат деликатните општествени структури, како што е културата во тесен смисол на зборот.

Параметрите се немилосрдни: мината година во Хрватска се објавени само околу 1.400 нови наслови, што е еднакво со крајот на деведесетите години од минатиот век. А тоа е половина помалку од годишното количество реализирани во поголемиот дел на наведениот „ренесансен“ период, кога имаше и повеќе издавачи, а програмите им беа пообемни. Тоа ќе го потврдат без двоумење и нашите соговорници на оваа тема.

Чума од киоскот

Kruno Lokotar Verlag Algoritam in Kroatien
Фотографија: Davor Konjikusic

Круно Локотар, уредник во издавачката компанија „Алгоритам“, смета дека денес можеме да зборуваме за кумулативно собран пад на продажбата од дури 80 проценти. „Уривањето на сите критериуми и обезвреднување на книгата како духовно добро и производ всушност започнува веќе од 2006. година, од појавата на киоск-издаваштвото“, вели Локотар за феноменот на вклучување на големите издавачи на весници во тогашниот пропулзивен издавачки бизнис.

Веднаш по исцрпувањето на вишокот на побарувачка, на сите им се случи рецесиски удар, а државата почна да ги редуцира дотогашните дарежливи субвенции.

Во меѓувреме нешто се подобри положбата на авторите во делот на пари за субвенции, и воведување на системот на државно стипендирање, како и насочување на дел од издавачките средства за награди. Но, буџетите за самата книга се сѐ помали, па почнаа да се затвараат многу хрватски книжарници, кои еден момент имаа рекорден број- околу 200. Сопствениците на синџири на киосци, пак, дополнително просперираа, на пример „Тисак“ во меѓувреме започна и со поштенски сообраќај на пакети, и само уште треба и леб да продаваат.

Двојниот ефект на интернетот

Издавачите на книги, не сметајќи ги оние на киосците- чии опсег на наслови до денес исто така драстично се намали- се движат во поразувачки рамки од по неколку стотици примероци. „Сериозните истражувања за тоа кој чита и колку чита, се премалку“, истакнува Круно Локотар. Интернетот многу влијаеше за падот на читаноста на книги, и покрај сите свои квалитети, бидејќи го смени видот на писменост и, како што наведува уредникот на „Алгоритам“, „со својата демократија поттикна инфлација и дезориентација, особено меѓу младите.“ Локотар во прилог на тоа ни ја цитираше дамнешната изјава на својот, тогаш десетгодишен син: „Но, тато, јас не знам некој кој чита.“

TWITTER HEADER Symbolbild Deutscher Buchpreis 2013
Фотографија: picture-alliance/chromorange

Постои веројатност дека со текот на времето такви ќе знаеме сѐ помалку, иако главно ќе бидат собрани на многу специфично место- во библиотеки. Јасна Ковачевиќ, директорка во библиотеката „Богдан Огризовиќ“ во Загреб, ни потврди дека тие денес служат како засолниште за загрозените читатели. Со нивните услуги се служат 17 проценти од граѓаните, и таа бројка полека расте, па во 2012. достигнала до околу 134.000 корисници, што е- очекувано- најмногу во Хрватска. Од друга страна, и во Загреб драстично паѓа издвојувањето средства за набавка на книги и за разни други потреби за библиотеките.

Читањето во библиотеки се зголемува

„Граѓаните немаат пари за книги, но сакаат да ги читаат, и се заситени од политиката на поттикнување на потрошувачката на градската управа, и ефтината забава во шопинг-центрите. А нас еднакво не посетуваат од сите категории на општеството и возрасти, и бараат литература во најширок опсег“, вели Ковачевиќ за ДВ, набројувајќи ги насловите на класичните училишни лектири покрај современите преведени или домашни прозни хитови. Слушнавме и една дополнителна забелешка, имено, дека последните години очигледно расте бројот на корисници на библиотеки кои не се вработени, како и оние кои живеат во јавните прифатилишта.

Критиката на градската управа секако се однесува на фактот што минатата година Градската канцеларија за образование и култура, која ги финансира и библиотеките, ги намали давачките за нив за повеќе од 30 проценти. Така 42 библиотеки во рамките на Библиотека на град Загреб, плус 2 библиобуси, мораа да вложат милион куни сопствени средства за да ја одржат набавката на книги на ниво од 2011. година, станува збор за околу 100.000 наслови. Според стандардите за библиотеки, тоа сѐ уште не е повеќе од 63 проценти книги потребни за достигнување на квотата според бројот на граѓани.

Junge liest
Фотографија: picture alliance/dpa

Регионални разлики

Генерално, домашната книжевност и покрај сето тоа и натаму има малку подредена положба во однос на преводната. „Увозниот производ“, смета Локотар, „поради некаков колонизациски рефлекс, а кој се воочува и на академијата, и натаму се сфаќа како нешто со сертификат за квалитет.“ Паралелно со тоа трае и новото проценување и релативното зближување на регионални култури и пазари, на оние меѓу кои во пракса не треба да се преведуваат книгите, па тоа и не се прави.

Тие долга низа години меѓусебно се одалечуваа и одделно се гетоизираа, пришто од запад кон исток се упатува одреден супериорен поглед. Така барем смета Круно Локотар, опишувајќи ни ги накусо разликите по кои државната регулатива сепак е најдобра во Словенија и во Хрватска, додека на босанско-херцеговскиот пазар се одликува само со „пликови“ во поголемите градови. Тој во Србија е најголем и најдинамичен, но тоа воедно значи дека водечките издавачи и дистрибутери се појавуваат и исчезнуваат преку ноќ. Компатибилноста на тие сцени е ниска, а стандардите се многу различни, па затоа и опсегот на цените е многу голем.