1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Супер време за Гугл

ЕМФ/дв23 јануари 2013

По кусиот период на слабост во текот на изминатото лето, американскиот интернет гигант Гугл си ја врати старата сила. Добивката на Гугл во 2012-та пораснала за 10 проценти, на 10,7 милијарди долари.

https://p.dw.com/p/17Q1z
Фотографија: dapd

Благодарение на купувањето на производителот на смартфони Моторола и добриот божиќен бизнис, обртот на Гугл во изминатата година првпат ја премина границата од 50 милијарди долари. „Ова е неверојатно супер време да се биде во Гугл“, ги коментира шефот на концернот Лери Пејџ најновите податоци за добивката и обртот.

Гугл ја купи Моторола минатата година за 12,5 милијарди долари за да си го обезбеди скокот во бизнисот на мобилна телефонија. Новиот концерн-ќерка засега се‘ уште има загуби, но Андроид-системот на Гугл е водечки кај смартфоните. Сепак, главен извор на приходи за интернет гигантот е онлајн-маркетингот. Според податоците од САД, Гугл во оваа сфера за себе има резервирано 41 проценти од приходите.

Дали за Гугл и натаму ќе оди толку добро е прашање, зашто конкуренцијата не спие. Освен поврзувањето на Јаху и Мајкрософт, во делот на пребарувањето по интернет и Фејсбук претстави нова функција, која овозможува да се пребаруваа информациите на повеќе од милијарда корисници на социјалната мрежа.