Судбината на германскиот заложник во Авганистан сеуште е неизвесна
28 јули 2007Германското министерство за надворешни работи и натаму вложува интензивни напори за ослободување на германскиот градежен инжинер , киднапиран во Авганистан во минатата недела заедно со неговиот колега кој подоцна беше пронајден мртов . Во меѓувреме истокако и германската канцеларка Меркел и шефот на Социјалдемократската партија на Германија , Курт Бек смета дека треба да се размисли за испраќање на дополнителен број војници и полицајци во Авганистан. За весникот Билд ам Зонтаг тој изјави дека целта е да се стабилизираат тамошното општество и владата и да се доведат авганистанските безбедносни сили во состојба среднорочно самите да можат да се грижат за безбедноста на земјата. Наесен германскиот Бундестаг треба да донесе одлука за продолжување на мандатот на германските војници во Авганистан.