Струшките вечери на поезијата се селат во Скопје и во Охрид.
17 август 2004
Отворањето и Поетските мостови ќе се одржат во главниот град а доделувањето на ловоровиот Венец во Охрид. Ова е денешна реакција на Управниот одбор на Вечерите по синоќешната конечна одлука на струшкиот Кризен штаб да не прифати одржување на оваа поетска манифестација како дел од отпорот кон власта за воспоставувањето на новите општински граници во Струга.