1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стотици загинати во пожарите во пакистански фабрики

ЖА/дв/дпа12 септември 2012

Во пожарите во две пакистански фабрики загинале повеќе од 310 луѓе. Само во пожарот во фабриката за текстил во Карачи има до 290 жртви, соопшти владата.

https://p.dw.com/p/167Kl
Фотографија: Getty Images

Во пожарот, кој избувна синоќа во фабрика за конфекција во пакистанскиот пристанишен град Карачи загинаа најмалку 290 лица, додека во вториот пожар во фабриката за чевли во Лахоре животот го загубија најмалку 25 лица.

Шефот на противпожарната служба во Карачи Ехтешам Салим изјави дека фабриката е мошне опасна, бидејќи објектот е неквалитетно изграден, има пукнатини по ѕидовите и нема излези во случај на опасност. Повеќето од жртвите во таа фабрика починале како последица на задушување, бидејќи работниците не можеле да побегнат од приземјето, додека некои работници скокале од повисоките катови на фабриката. Во пожарот се повредени десетици лица, а фабриката вработува околу 450 работници, кои работат во три смени.

Fabrikbrände in Pakistan
Фотографија: Getty Images

Полицијата го приведе сопственикот на фабриката во Карачи и покрена истрага против него.

Причините за пожарот во двете фабрики засега не се познати.

„Сопствениците многу повеќе водат сметка за облеката, отколку за вработените“, изјави еден од работниците, Мохамед Первез, држејќи фотографија на свој роднина, вработен во фабриката, кој се води како исчезнат.

Фабриката во Лахоре била нелегално изградена во станбен кварт во градот. Според пожарникарската служба, пожарот во Лахоре бил ставен под контрола по повеќе часови, а луѓето кои биле заробени во зградата биле извадени. Пакистанскиот премиер Раџа Первез Ашраф изрази шокираност и побара најдобро можно згрижување на повредентите.