1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стефан повика на национално и духовно обединување

БГ/миа20 април 2014

Поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан во велигденското послание повика на духовно и национално обединување

https://p.dw.com/p/1BlHg
Фотографија: MIA

Православните и католичките верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден - Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургиии. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли - христови ученици и нивните наследници.

Поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан во велигденското послание повика на национално и духовно обединување.

„Настанот на Воскресението нe повикува да го чуваме единството, духовно и национално, за доброто на нашата Црква и Татковина, и никогаш личните да не ни бидат пред заедничките интереси. Токму поради тоа Бог ни дава различни дарови, коишто треба да ги развиваме и употребуваме за доброто и напредокот, и својот, но истовремено и на сите.

„... Затоа, да се испитаме себеси дали доволно правиме и се жртвуваме за другите. Често се случува сопствените удопства, и душевни и материјални, да ни бидат помили од ближниот, иако тоа свесно не го признаваме. Затоа е потребно да стражариме над своето срце и уште на почетокот да ги одбиеме сите себељубиви и страсни помисли, кои лесно стануваат дел од нашиот живот и однесување. Не е доволно само на збор да тврдиме дека имаме љубов и грижа за другите, туку тоа треба, пред сѐ, да го покажеме и докажеме на дело“, порача Стефан.