1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стари и нови криза за ЕУ

Барбара Везел19 декември 2015

Последниот самит на ЕУ годинава не донесе никаков напредок. А британскиот премиер со своите посебни желби отвори ново градилиште. Тое не се добри изгледи за 2016 година, смета Барбара Везел.

https://p.dw.com/p/1HQOY
Фотографија: dpa/Denis Closon

„Кризите кои ги имаме остануваат а ќе дојдат и нови“, изјави претседателот на Европската Комисија во врска со очекувањата за 2016 година. Жан Клод Јункер е искусен европски политичар. Тој нема потреба да глуми ни пред себе ниту пред другите.

Јунаците се заморени

Ова беше дванаесетта средба на претседателите на држави или на влади на земјите членки на Европската унија годинава и лидерите немаа премногу енергија. Веројатно им е неопходна пауза за да се одморат едни од други. Сигурно заморува и деморализира кога постојано се слушаат исти аргументи и се доживува како европската машинерија воопшто не се придвижува.

Машинеријата на ЕУ е преоптоварена

Заклучоците затоа изгледаат како лошо свидетелство, кои Европејците си го издаваат сами себеси. Можевме барем да го спроведеме она што одамна го одлучивме, стои буквално во заклучоците!. Доколку Европската Унија во однос на бегалската криза го покренеше она што веќе беше договорено во врска со распределбата, регистрацијата и заштитата на границите, ќе имаше повеќе причини за надеж во наредната година. Вака мора да се навикнеме на она што германската канцеларка го нарекува „експоненцијална крива“ на европската способност на учење. Во нужда Ангела Меркел се повлекува во своето минато како физичарка.

Терористички напади, загрижувачки подем на терористичката милиција Исламска држава. драма во Сирија, натегања околу грчката должничка криза, повеќе од еден милион бегалци во Европа, затруени односи со Русија- тоа се проблемите кои ја одбележаа оваа година во Европската унија. Бројни земји на овие претешки задачки реагираа со повлекување во сопствените дворови. Меѓу нив припаѓа Унгарија, ама и Полска и Данска. Тамошните влади ги затвораат очите и се надеваат дека глобалните кризи ќе ги заобиколат, додека тие мафтаат со националните знаменца.

Barbara Wesel Studio Brüssel
Барбара ВезелФотографија: DW/G. Matthes

Меѓутоа, овие шефови на влади го попречуваат консензусот и процесот на донесување одлуки во Европската унија. Апаратот кои полека ама сигурно ја совлада кризата на еврото и сите поранешни проблеми , во меѓувреме престана да работи. Изгледа дека единствено решение е она што Меркел и нејзините сојузници го прават во врска со прашањето на бегалците: создавање коалиции за поединечни теми и напредување во мали групи, бидејжи на Европската унија како целина иѝ недостасуваат неопходните способности: брзина и флексибилност. За планираните заеднички погранични трупи одлука може да биде донесена дури наредното лето- кога наредната бегалска криза ќе биде во полн ек!

Референдумот на Камерон е експлозивна направа

И како да нема доволно вистински проблеми за ЕУ , па на сцената се појавува и британскиот премиер Дејвид Камерон со својата драма за која самиот е виновен -референдумот за излегување или за останување на Велика Британија во ЕУ. Тоа непотребно одзема време и сили, за конструирирање правни вратоломии, кои Камерон на домашен терен може да ги продава како победа над Европа. „Мораме да му помогнеме да слезе од коњот“, резигнирано изјави еден германски политичар. Но, сеедно. Тоа мора да се преброди, бидејќи работата може да биде опасна. Ако тргне наопаку Камерон би можел својата земја не само да ја одведе во изолација туку и да го разбие Обединетото кралство, бидејжи Шкотска сака да остане во ЕУ. За жал предоцна е за молба во Лондон да надвладее разумот.

Некои од предизвиците за наредната година се веќе познати: постоењето на Исламската држава, можните терористички напади, војната и кризите на Блискиот Исток, Путин и неговото чудно однесување. А ќе има и проблеми за кои сѐ уште не знаеме. Од лидерите на ЕУ и во наредната година ќе се очекува многу, да ги мобилизираат остатоците од европската солидарност и да ја одржат заедницата . За жал нема да биде полесно. Но, можеби германската канцеларка е во право кога укажува на кривата на учење.