1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Стандард“: ВМРО ДПМНЕ е во паника

Е.М. Фиданоска / derstandard.at14 април 2016

ЕУ и САД вршат притисок врз претседателот Иванов за ревидирање на одлуката, но притисокот доаѓа доцна, оценува австриски „Стандард“. Весникот коментира: „ВМРО- ДПМНЕ владее бесрамно и очигледно е во паника“.

https://p.dw.com/p/1IV1U
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во коментарот со наслов „Криза во Македонија: Притисокот на ЕУ доаѓа доцна“, австрискиот весник „Стандард“ ја анализира улогата на претседателот Иванов и актуелната ситуација во Македонија и, меѓу другото, оценува:

„Тој се демаскираше не само себеси, туку и владејачкиот режим. Кога македонскиот претседател Ѓорге Иванов во вторникот прогласи генерална амнестија за политичарите против кои се водат кривични постапки, тој, инаку правник, документираше дека во балканската земја се гази врз правната држава, дека нема демократска поделба на власта, дека владејачката партија ВМРО- ДПМНЕ владее бесрамно и авторитарно, но и тоа дека очигледно е во паника. Токму затоа што Специјалното обвинителство, основано на притисок на ЕУ, сериозно води истрага против водечките глави на режимот, тие мислат дека сега преку еден повеќе непријатен пуч на Претседателот, ќе можат да се спасат. Но колку попанично реагира кликата, веројатноста од уривање на нејзината власт се зголемува. ЕУ и САД вршат притисок врз Иванов да ја ревидира својата одлука и застануваат сѐ посилно зад Специјалното обвинителство. На ЕУ и САД им е до најважниот експеримент за демократизација на Балканот. По изборите би требало да биде обновена поканата за членство во НАТО и да биде решен спорот со Грција за името. Тогаш, конечно, ќе може да почнат преговори за приклучување во ЕУ. Тие се единствениот пат за трајна демократизација на Македонија. Токму затоа што тоа на членките на ЕУ во изминатите 10 години им беше сеедно, луѓе како Иванов и воопшто можеа да стигнат до каде што стигнаа“, се вели во коментарот на „Стандард“.

Истиот весник во извештајот за протестите и другите актуелни случувања во Македонија, кој носи наслов „Македонија: Протести против 'Претседателот Фикус'“, нагласува дека по одлуката на Иванов „политичката состојба во малата балканска држава е напрегната до кинење“.