1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија и Хрватска: уметноста посилна од војната

2 декември 2010

Изложбата „умешноста на конзервацијата“, на која е претставена козерваторско - реставраторска работа на иконите на православната црква Свети Ѓоргија во Бабота кај Даљ во Хрватска, е отворена во Нови Сад.

https://p.dw.com/p/QNv9
Фотографија: DW

Станува збор за заедничка работа на реставраторите и конзерваторите од Србија и Хрватска на реконструкција на иконостасот кој е создаден во осмата деценија од 18 век и кој е ставен под заштита на државата пред повеќе од 20 години, кога е изграден и елаборат за негова конзервација.

Во 1993 година, на молба на осиечко-полскиот епископ и по барање на Српската православна црква, експертите од покраинскиот Завод за заштита на спомениците на културата ги демонтираа и пренесоа иконите и портата од иконостасот во Нови Сад заради конзервација.

Соработка преку професијата

Без директни контакти, и покрај сите неповолни околности, конзерваторите во Србија од почетокот работеа во согласност со елаборатот на колегите од Хрватска, а првиот контакт е остварен пред официјалниот.

„Ние соработувавме преку професијата, и тоа е најубавото во целата работа. Затоа ова изгледа толку убаво, бидејки сите луѓе, и во Хрватска и во Србија, кои се поврзани со оваа работа, работеа исто и сакаа исто“, вели Дејан Радовановиќ, историчар на уметност во покраинскиот Завод за заштита на спомениците на културата.

Едвард Худолин, директор на реставраторскиот оддел на хрватскиот реставраторски Завод во Осијек вели: „Тоа е еден од прекрасните примери како на слични или исти проблеми можеме одлично да соработуваме. Колегите дојдоа кај нас и на експертска основа, и на технолошка, и на која било друга, веднаш почнаа да разменуваат информации. Тоа даде резултат, а времето кое не‘ разделуваше исчезна за секунда“, вели Худолин.

Иконите се враќаат дома

Реставраторот Вјекослав Шмит вели дека неговата работа никако не може да се сведе само на занает. „Може да се каже дека тоа е еден начин на размислување, кој вклучува многу работи, значи не замо занаетска активност, туку и поглед врз збир на работи и едно разгледување. Може де се каже дека тоа е една филозофија“, вели Шмит.

До крајот на следната година проектот би требало да биде завршен, а за неговото значење на отворањето зборуваше епископот Лукијан, повикувајки ја матичната држава и сите луѓе доброволно да им помогнат на Србите во Хрватска да продолжат и натаму да живеат во таа држава.

„Ова е гаранција, белег кој кажува дека со векови сме живееле на таа балканска земја, и ако не‘ поддржите, не‘ резберете и ни‘ помогнете, и во иднина ќе живееме“, рече Лукијан и се заложи за враќање на 300 икони од депото на Патријаршијата во Сремски Карловац, во Хрватска од каде што биле земени.

Изложбата ја организира Покраинскиот завод за заштита на спомениците на културата, по повод почетокот на обележувањето на 60 години постоење и работа на заштита на културното наследство. Реализирана е и соработка со Галеријата Матица српска, под покровителство на Министерството за култура на Србија.

Реставраторите од Србија и Хрватска најавија дека ќе соработуваат и на прашањето на тврдините во двете држави, што, инаку, е меѓународен проект.

Автор: Динко Грухоњиќ / Владимир Калински

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска