1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија и Косово ги заглавија часовниците во цела Европа

БГ
7 март 2018

Политичкиот судир меѓу Србија и Косово предизвикува заостанување на часовниците низ цела Европа. Доколку ви доцни часовникот, виновни се токму овие две земји. Проблемот е во намаленото производството на струја кај нив

https://p.dw.com/p/2tpOP
Symbolbild Energiewende Deutschland Arbeiter repariert Stromleitung
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Anspach

„Оние кои хронично доцнат не можеа да добијат подобра вест како изговор: во цела Европа радио-часовниците, како и часовниците на микробрановите печки и на шпоретите, доцнат- доколку се приклучени на електричната мрежа“, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг.
„Доцнењето изнесува пет до шест минути, а веројатно ќе се зголеми. Причината за тоа е што од средината на јануари на европскиот пазар на електрична енергија постои дупка во снабдувањето, како што соопшти во Брисел европското Здружение на електрични мрежи Ентсое. Поради постојаниот политички конфликт меѓу Србија и Косово, оттаму доаѓа помалку струја во континенталната мрежа на која се приклучени 25 земји од Турција до Холандија“.
„Притоа, станува збор само за неколку стотици мегавати- и поради тоа прекинот во снабдувањето нема потешки последици. Системската мрежа не е загрозена“, вели еден претставник на Германската агенција за мрежи. Струјата од Србија и од Косово не е до толку важна за поради неа да дојде до целосен прекин, велат во Ентсое. Во индустријата не се забележани пречки поради осцилациите во фреквенциите, па ни во алуминиумската индустрија, која троши многу струја, нема индиции за такво нешто“.

„Но, осцилациите се доволни за да ги пореметат часовниците. Многу часовници немаат интерен такт, ниту добиваат такт преку радио-врска, туку ги добиваат потребните импулси преку електричната мрежа. Таа фреквенција изнесува 50 херци- 50 осцилации во секунда. По 50 осцилации, се прикажува следната секунда. Кога нема доволно струја, фреквенцијата паѓа под 50 херци, па затоа за 50 осцилации е потребно повеќе време. И затоа часовниците доцнат“. 

BdT Uhrenpark Düsseldorf
Многу часовници немаат интерен такт, ниту добиваат такт преку радио-врска, туку ги добиваат потребните импулси преку електричната мрежа.Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Vennenbe

 Не го поместувајте часовникот... сѐ уште
„Тоа вообичаено постојано се случува. Фреквенцијата на струјната мрежа никогаш не е целосно стабилна. Сопствениците на мрежите обично веднаш реагираат кога фреквенцијата ќе надмине 50 херци или кога ќе падне под таа вредност и го прилагодуваат снабдувањето со струја на таа ситуација. Според европските правила, тоа треба да се случува и на Балканот. Но, таму од средината на јануари ништо не се случува, бидејќи Косово складира премалку струја, а Србија одбива да ја пополни таа дупка. Германија не може туку така да интервенира и да стави на располагање повеќе струја“.
„Од средината на јануари, фреквенцијата на струјната мрежа во Европа изнесува 49,996 наместо 50 херци. И затоа часовниците од ден на ден сѐ повеќе доцнат. Ентсое изрази оптимизам во однос на натамошниот развој на состојбата и очекува дека состојбата ќе се стабилизира веќе оваа недела“.
„Одлучувачки чекор ќе биде да се надополни дупката. Оној кој сега ќе одлучи рачно да го намести часовникот, за неколку недели можеби повторно ќе има проблем- часовникот ќе отиде напред, така да оние кои хронично доцнат конечно ќе пристигнуваат на време“, пишува ФАЦ.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема