СПД партиска програма
24 септември 2007Реклама
Германските социјалдемократи ќе продолжат да дејствуваат офанзивно за оставрување на целта за демократски социјализам. Претседателот на партијата Курт Бек, на претставувањето на новата нацрт програма на партијата во Берлин, изјави дека нема основа за дистанцирање од ваквата определба. Според неговите зборови, документот јасно ја позиционира партијата како лева народна.
„ СПД е лева народна партија и таа е тука за сите луѓе кои се подготвени да настапуваат во смисла на едно солидарно единство„ изјави Бек
Инаку текстот на програмата, долг 36 страници, треба да биде усвоен на конгресот на партијата во Хамбург закажан за крајот на октомври.