СПД официјално го номинира Штајнбрик за кандидат за канцелар
1 октомври 2012Реклама
На предлог на претседателот на партијата Зигмар Габриел, социјалдемократите во изборната трка против канцеларката Ангела Меркел од Христијанско-демократската унија ќе ги предводи поранешниот министер за финансии Пер Штајнбрик. Важи за сигурно дека претседателството на СПД едногласно ќе го номинира 65-годишниот Штајнбрик за кандидат за канцелар. Неговата номинација треба да биде потврдена на вонредниот изборен конгрес на социјалдемократите кој треба да се одржи на 9 декември во Хановер.
Претходно партискиот лидер Габриел и шефот на парламентарната група на СПД во Бундестагот, Франк-Валтер Штајнмајер се откажаа од кандидатурата и го ослободија патот за номинација на Штајнбрик.