СПД: настојувања да се „испеглаат“ недоразбирањата со Зелените
30 мај 2005�и идеи за промена на уставот, што канцеларот го одби. Во секој случај, веќе започна своевидна предизборна кампања, секој збор посебно се одмерува.
Канцеларот е под временски притисок. Со евентуална победа предвремените избори тој очекува да добие нова легитимација за својот курс на реформи, против кого има отпор во претставништвото на покраините – Бундесратот, во кое демохристијанската опозиција има мнозинство, но и во сопствената партија исто така. Единствената уставна можност за предвремени избори е канцеларот да го постави прашањето за доверба во парламентот, и ако таа не му биде изгласана, сојузниот претседател може да свика вонредни избори. Но, прашањето за доверба не смее да биде проѕирен маневар и фингирано – со оглед на владиното парламентарно мнозинство. Пратеникот Вернер Шулц од редовите на Зелените веќе најави тужба пред Уставниот суд доколку се случи такво нешто. Оттука и гласните размислувања за промена на уставот, за да може парламентот да се самораспушти. Канцеларот во саботата вечерта ова категорично го отфрли.
Претседателот на СПД Франц Минтеферинг, кој претходно ја означи црвено-зелената коалиција како „производ на случајот“ и не отфрли можност за голема коалиција со ЦДУ, сега се обидува да ги „испегла“ недоразбирањата со Зелените и се искажа за продолжение на досегашната коалиција: „Оваа коалиција од СПЦ и Зелените се докажа и јас секогаш бев за неа, па доколку избирачите ни дадат таква можност, секако така и ќе продолжиме“. Минтеферинг во секој случај не е за заедничка предизборна кампања.
Претседателот на Бундестагот, социјалдемократот Волфганг Тирзе, оцени: „Легитимно право на канцеларот е да го постави прашањето за доверба пред парламентот, и ако не ја добие, има право да го замоли сојузниот претседател да го распушти парламентот“. Тирзе исто така е за продолжение на црвено-зелената коалиција: „Црвените и Зелените соработуваа 7 години, имаа редица од успеси, но и спорови – како што е меѓу коалиционите партнери насекаде во светот. И по изборите, доколку потоа имаме мнозинство, најверојатна констелација повторно е црвените и зелените да влезат во коалиција. Не би требало никогаш да се стреми кон големи коалиции – таков стремеж и нема. Алтернативата е јасна: демохристијанско-либерална црно-жолта на една, социјалдемократско-Зелена коалиција на друга страна“.
Согласност во тој поглед владее и кај помалиот партнер – Зелените:
„Ние како коалиција зеднички ќе најдеме пат кон нови избори и тука ќе нема игра ’црн Петко‘ ни од Зелените спрема СПД, ниту обратно“ – вели сојузниот министер за екологија Јирген Тритин.
По вчерашната средба на раководството на Зелените во Берлин, копретседателот на партијата Клаудија Рот изјави: „За прашањето за ’повлекување на зелените министри од владата‘, за кое жестоко се дискутира во јавноста, ние разговаравме околу 30 секунди и никој не виде повод за повлекување на министрите. Ние заеднички со црвените ќе најдеме пат кој ќе отвори можност за нови избори“.