Социјалистите слават победа во Албанија
26 јуни 2013Според прелиминарните калкулации, социјалистите добиле 84 од вкупно 140 места во парламентот. Коалицијата околу демократската партија на Сали Бериша има освоено 36% гласови, или 12 проценти помалку во споредба со претходните избори. Бериша се‘ уште го нема признато поразот.
Коалицијата „Алијанса за Европска Албанија“ одлучила нов премиер да биде лидерот на социјалистите, соопшти лично Еди Рама (на фотографијата): „Јас ќе бидам новиот премиер. Така е договорено и ветувам дека Албанија ќе оди напред со левицата“, изјави Рама вчеравечер (25.06), во своето победничко обраќање до членовите и симпатизерите на левицата во Тирана.
Неговиот партнер во коалицијата претседателот на партијата Движење за Социјалистичка Интеграција, Илир Мета, нагласи дека местото премиер му следува на Рама, но притоа не даде објаснувања која ќе биде неговата функција во новата влада.