1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Социјалдемократите доаѓаат на власт во Хрватска, а си одат во Словенија!?

4 декември 2011

Во Словенија и Хрватска денеска се оддржуваат парламентарни избори. И во двете земји, спoред анкетите се очекува промена на власта.

https://p.dw.com/p/13MGq
Фотографија: AP

Само една работа се чини дека е иста, меѓу соседите Хрватска и Словенија: изборниот молк 24 часа пред отворањето на изборните локали. Меѓутоа весниците секако најдоа „дупки“. Така на пример словенечките медиуми опширно известуваат за острата изборна кампања меѓу главните кандидати на изборите во Хрватска и обратно. Погледот преку границата секако е дозволен. Официјалниот изборен молк во меѓувреме е спорен. Интернетот не може да се контролира.

Аферата на Санадер и штети на Косор

Преку овој медиум се водеше битката пред изборите, пред се’ во Хрватска. Хакери на пример на интернет објавија видео од хрватското државно обвинителство, и на Јутјуб извесен период можеше да се види сослушувањето на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, од се’ уште владејачката ХДЗ партија, кој поради обвинувања за корупција се наоѓа во истражен затвор. Оваа акција на хакерите и штети на неговата наследничка Јадранка Косор, која и натаму сака да остане на челната позиција во хрватската влада. Иако се погрижи да биде подигнато обвинение против Санадер, нејзиниот имиџ како „чиста“ очигледно не е доволен за партијата да победи на изборите, покажуваат анкетите. Најдобри шанси за победа на хрватските парламентарни избори се предвидуваат на сојузот на партии под раководство на социјалдемократите. Зоран Милановиќ како цел си постави дури и апсолутно мнозинство.

Jadranka Kosor Premierministerin Kroatien
Јадранка Косор сака да остане на премиерската функцијаФотографија: AP

Промена на власта и во Словенија?

Во Словенија ситуацијата е обратна. Во оваа земја на власт се’ уште се социјалдеморкатите, но можено е да претрпат пораз од Деморкатската партија на Јанез Јанша. Како искусен политичар од редовите на конзервативците тој беше на власт од 2004 до 2008 година. Иако е оптоварен од корупциска афера и неговите критичари предупредуваат дека ако дојде на власт можно е да се очекува еклатантно вртење кон десно до одредена степен на национализам, по унгарскиот пример, многумина меѓутоа мислат дека тој е подобриот избор по неуспехот на социјалдемократот Борут Пахор пред се’ поради програмите за штедење.

17.03.2006 jou interview janez jansa
Искусниот конзервативец Јанша има добри шанси да се врати на чело на владата во ЉубљанаФотографија: DW-TV

Од политичката неодлучност во Словенија би можел да профитира Зоран Јанковиќ, градоначалникот на Љубљана. Некои меѓутоа сметаат дека како градоначалник на Љубљана строил многу, но се сомневаат дека може да ја води цела Словенија.

Како на крајот ќе биде составена владата и од кои партии, се чини во Словенија е понеизвесно отколку во Хрватска, каде релативно се јасно поделени полтичките табори. На двете земји меѓутоа им се потребни стабилни влади да ги санираат државните буџети, најголемиот предизвик за иднината.

Автор: Андреас Мајер Фајст/ Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски