1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Состанокот на ОБСЕ без завршен документ

7 декември 2005

Состанокот на организацијата за соработка и безбедност во Европа во Љубљана заврши без усвоен завршен документ. Причина, длабокиот јаз помеѓу западните земји и Русија. Еберхард Нембах известува

https://p.dw.com/p/AcbI

Пропаднатиот обид за усвојување финална декларација на сотанокот во Љубљана дипломатите го гледаат како доказ дека највисокото тело за заштита на човековите права во Европа е во опасност да ја загуби насоката. Трет пат по ред министрите не усвојуваат заедничка декларација. Уште еднаш се покажа дека постои голем јаз помеѓу Русија и Западна Европа и Америка. голем Русија уште на состанокот се обврза да гои повлече своите сили од Молдавија и Грузија. Во случајот со Грузија барем некој договор е постигнат, но не и со Молдавија

„Еден заеднички завршен документ се разбира дека добро ќе дојдеше но се испречи спорот со Молдавија кој е вештачки, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Шефот на словенечката дипломатија Димитриј Рупел, кој е и претседавач со ОБСЕ по дводневниот состанок го соопшти договореното:

„Ние донесовме 22 одлуки притоа особено важен е планот за реформа на ОБСЕ„

Заменик државниот секретар на САД Николас Барнс ги нагласи приоритетите на организацијата:

„Најголемиот дел од таканаречните проблеми т источно од Виена, Голема потреба од реформи за демократијата и човековите права изборите правната држава постои во земјите како Узбекистан и Туркменистан. Тоа се отворени диктатури. Главниот фокус на ОБСЕ мора да остане врз кавказот балканот и централна Азија. Нашата зедничка цел е стабилна мирна и единствена Европа„ рече Николас Барнс

Учесниците на конференцијата на ОБСЕ почувствуваа сожалување кон малата Молдавија кога нејзиниот министер се осуди да го критикува големиот и моќен сосед Русија. Пред сите присутни министерот за надворешни работи Андреј Стратан со треперлив глас нагласи дека Русија не се држи до ветувањето за повлекување на своите сили од Молдавија:

„ Сакам да нагласам дека руските сили немаат легален статус на територијата на Молдавија. Руското воено присуство не е во согласност со основните начела на меѓународното право„ рече министерот на Молдавија

Неговото мислење го делат и шефовите на дипломатиите на земјите членки на ОБСЕ. Германија исто така ќе се заложи за руско повлекување од Молдавија и Грузија, како што е договорено со Москва.