1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Согласност за нов трговски договор меѓу САД и Мексико

СН/ агенции
28 август 2018

За новото издание на регионалниот договор за слободна трговија НАФТА, САД и Мексико преговараа една година. Сега двете страни тежнеат и кон постигнување согласност и со Канада.Разговорите со Отава почнуваат веќе денеска.

https://p.dw.com/p/33s1f
Donald Trump NAFTA Pressekonferenz
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Dietsch

САД и Мексико постигнаа прелиминарна согласност за нов договор за слободна трговија кој ќе го замени Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА)

Американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа истакна дека е постигнат многу добар „дил“ за двете земји и оти станува збор за голем ден за трговијата. Тој објави и дека новиот пакт ќе се нарекува „Трговски договор меѓу САД и Мексико“ и се закани дека Канада нема да биде дел од новата трговска спогодба. Претседателот сепак остави отворена врата за вклучување на Канада во новиот договор, доколку, како што рече, Отава е подготвена „чесно да преговара“.

Повеќе:

-Економската политика на „пубертетлијата“ Трамп

-Доналд Трамп- гробар на слободната трговија?

-Нова фаза на глобализацијата?

Трамп се закани и со воведување царини за увозот на автомобили од Канада за да го зголеми притисокот врз властите во оваа земја да се согласат со договор по негова желба.

Infografik wichtige Handelsabkommen weltweit EN

По објавата на Трамп за постигнатиот договор со Мексико, индексите на Волстрит значително пораснаа. Исто така вредноста на акциите на производителите на автомобили, кои би имале полза од подобрите трговски односи меѓу САД и Мексико нагло скокнаа, а акциите на Џенерал Моторс забележа раст од дури 4,7 проценти. Големи добивки во вредноста на акцијата остварија и банките како технолошките и индустриски компании. 

Министерката за надворешни работи на Канада и преговарачка за НАФТА, Кристија Фрилен, го скрати патувањето во Европа за денеска да допатува во Вашингтон и да се обиде да ги обнови преговорите со САД.

Нејзниот портпарол Адам Остин истакна дека тие ќе потпишат само нов Северноамерикански договор кој е добар за Канада и за средната класа и порача дека потписот на Канада е неопходен.

Новиот договор на САД и Мексико ќе  биде во сила 16 години и ќе биде подложен на ревизија и промени на секои шест години, соопштија американските власти.

Инаку, американскиот претседател Трамп често го критикуваше 24-години важечкиот договор НАФТА како „катастрофа“ која ги убива работните места на Американците.