Со зрачење до отстранување рак на простата?!
5 април 2011Терапијата со зрачење кај пациентите заболени од рак на простата, според мислењето на експертите, денес е исто толку успешна колку и оперативното отстранување на главната жлезда, изјави радиологот проф. Михаел Молс во Минхен. И двете методи имаат свои предности и несакани дејства, но опасноста пациентот да ја загуби способноста за ерекција и кај двете методи останува иста.
При операција на простата постои ризик пациентот да не може да го контролира мокрењето. По операција на простата помалку од два проценти од пациентите не можат да го контролираат мокрењето, а кај пет проценти се јавуваат само мали форми на т.н. инконтиненција. Кај терапијата со зрачењето не постои никаков ризик за вакви последици. Терапијата со зрачење трае осум недели и се врши амбулантно.