Снег, лавини, поплави
Во јужна Германија и во Австрија и натаму паѓа снег и зачестено има лавини. Во меѓувреме се јавува и за први поплави.
Снежи и снежи...и врне
Снег без крај. Но, според наводи на метеоролозите, снегот треба да премине во дожд. Од неделата во Тирол падна до 1 метар нов снег. За денеска се најавени натамошни 50-тина сантиметри. За утре се очекува привремен крај на снежните врнежи.
Снегот мора да се отстрани
На многу места во Алпите, како и овде во Кирхдорф ан дер Кремс, стотици пожарникари го расчистуваат снегот од покривите. Поради зголемувањето на температурите, снегот станува сѐ потежок и ризикот од уривање на покривите станува сѐ поголем. Како дополнување на опасноста од лавина, главниот ризик е снегот на покривот.
Опасна работа
Покривите се стрмни и, поради снегот, лизгави. Но, нема алтернатива: снегот мора да се отстрани од покривите. Особено кога се заканува дожд, бидејќи новиот снег тежи само 50 килограми на кубен метар, а стариот влажен снег понекогаш и десет пати повеќе. Ова значи оптоварување до границата на издрживост за некои покривни греди.
Со сите средства
Снегот мора да се расчисти. Сѐ едно дали од покривите или улиците и патеките. И така, сите можни возила во моментов се користат за транспортирање на „белиот товар“. Најдобро до најблиската река.
Паднатите дрва го попречуваат сообраќајот
Под товарот на снег сѐ повеќе и повеќе зимзелени дрва паѓаат или се прекршуваат. Овде, падната елка блокира пат во регионот на Шварцвалд, во германската покраина Баден-Виртемберг. Работниците во патните служби не само што треба да го исчистат снегот, туку и да ги пресечат и транспортираат дрвата.
Сизифовска работа
Единиците за расчистување работат деноноќно за да ги ослободат од снег патиштата и улиците - а неколку часа подоцна повторно е сѐ завеано. Сизифовска работа за стотици комунални работници. Но, според временската прогноза, крајот е конечно на повидок.
Затоплување и дожд
Севкупно, временските услови ќе се променат: По обилните снежни врнежи од последните денови, доаѓа затоплување, на многу места проследено со дожд. Потоа снежните маси треба полека да исчезнат. Но, ова исто така значи дека сѐ повеќе и повеќе вода ќе тече во потоците и реките.
По снегот доаѓаат поплави
Неколку реки и потоци во Баварија излегоа од своите корита. Особено во централниот и северниот дел на германската покраина веќе се поплавени обработливи полиња и ливади. Полицијата предупредува од поплави и на други места. „Високиот водостој доаѓа бавно", изјави портпаролката на полицијата. „Но, доаѓа“.
За едни страдање...
...за други радост. Децата во тековното зимско време попрво гледаат придобивки. Бидејќи, што се снежен хаос и лавини наспроти санкање и големи Снешковци?