Смртоносен напад во супермаркет во САД
24 септември 2021Едно лице е убиено, а 14 се ранети вчера во вооружен напад во супермаркет во градот Колиервил, во близината на Мемфис во американската сојузна држава Тенеси.
Најмалку четири чица се тешко ранети, а напаѓачот, според наводите на полицијата, починал од повредите кои самиот си ги задал со оружје, но тоа сѐ уште се истражува. Нападот се случил во супермаркетот Крогер, соопшти паортпаролката на градската управа, Џенифер Кејси.
Полицискиот началник Деј Лејн на конференцијата за новинари рече дека ги пронашле вработените во Крогер како се кријат во фрижидери и во канцеларии. „Ова е најстрашното нешто кое се случило во историјата на Колиервил. Ужасно е, грозно е што нѝ се случи, но ова е една од најиздржливите заедници во САД“, додаде Лејн. Затворено е и средното училиште кое се наоѓа во близина.
Вооруженото насилство и смртоносните пукотници се речиси секојдневна појава во САД. Експертите велат дека насилството е поттикнато од слабите закони за поседување оружје и широката употреба на огнено оружје.