1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сликата е позитивна - една од првите пораки од Самитот на НАТО во Охрид

Милчо Јовановски 29 јуни 2007

Претпладнево во Охрид започнува официајалниот дел од Безбедностниот форум на Советот за евроатлантско партнерство. Промовирањето на мирот и стабилноста е основната тема на форумот.

https://p.dw.com/p/B7GY
По работната вечера дебатите продолжуваат во конференциската салаФотографија: Petr Stojanovski

На форумот во Охрид во три панели ќе се дискутира за Авганистан, Косово и иднината на Балканот и за енергетската безбедност.

Самиотот започна со приемот на високите гости од страна на претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенкоски и неформалната вечера за сите учесници приредена од

генералниот секретар на НАТО Јап де хоп Шефер и македонскиот министер за надворешни Антонио Милошоски.

Бурна средба на Јадранската група

Вчера доцна попладнето се состана Партнерската комисија на Јадранската повелба. Хрватска, Албанија и Македонија уште еднаш решително побараа што побрзо да станат дел од НАТО.

Имавме уште една бурна средба на земјите од Јадранската група и уште една втора сесија на која ги поканивме нашите колеги од земјите – членки на Партнерство за мир – Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора - рече пред новинарите минситерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски по средбата со неговите колеги од регионот и американската амбасадорка во НАТО, Викторија Нуланд.

Дискутиравме за заедничката соработка и за тоа како тие можат да ги користат нашите искуства, додаде Милошоски.

Со Јадранската група од јули ќе претседава Хрватска и бидејќи трите земји од А3 групата типуваат за брз влез во НАТО следниве месеци не очекува интензивна агенда, додаде Милошоски. Членството на трите земји во Алијансата ќе значи подобрување и зголемување на капацитетот на НАТО во регионот убеден е Милошоски.

Силна поддршка на САД за аспирациите за влез во НАТО на земјите на А3 групата

Потврдата стигна веднаш. Амбасадорката Нуланд го повтори она што Буш го кажа неодамна во Тирана, дека трите земји Македонија, Албанија и Хрватска треба да продолжат во оставрувањето на високите критериуми на НАТО.

„САД верува дека Јадранската повелба беше од витално значење за Македонија, Албанија и Хрватска за да ги засилат реформите и да ги продлабочат демократските процеси и да придонесат кон вкупната стабилност на регионот. Денеска имавме можност да го продолжиме она што беше претходно кажано од страна на претседателот Буш во Тирана и да ги охрабриме силно сите три членки на Јадранската повелба да продолжат со остварувањето на високите критериуми што се бараат од НАТО, навреме за следниот самит во Букурешт. Огромно е задоволството што ова беше прошрен состанок на А3 групата со претставници на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора кои се приклучија на Партнерството за мир по самитот во Рига. Се надевам дека ќе сфатат колку е важно да го искористат ваквиот момент. Ова беше историски момент да се видат сите земји како заедно придонесуваат за заедничките демократски безбедностни цели“, рече Нуланд.

Американската амбасадорка ја потврди силната поддршка на САД за аспирациите на земјите од А3 групата за членство во НАТО. Рече дека на сите им претстои тешка работа и вети американска помош за да го направат тој чекор.

Милошоски недозволи да биде изненаден, се послужи со поговорка: „Сакам да додадам една поговрка која вели: За една работа да се случи преку ноќ, треба подолго време да се работи преку ден. Ние сме подготвени во следниве месеци да работиме посветено на нашите предизвици и да ја заслужиме поканата за членство.“

Шефер воодушевен од прогресот на земјите на Јадранската група

Импресивно изгледаше и работната вечера приредена непосредно до брегот на Охридското Езеро. Шефовите на делегациите членки на НАТО и нивните партнери од програмата Партнерство за мир ги поздравија генералниот секретар на НАТО, Шефер и македонскиот министер за надворешни Милошоски. Се разговарало за Балканот и енергетската сигурност. Шефер со оценка дека сликата е позитивна, дека екстремизмот во најголем дел е потиснат од регионот и дека евроатлантската перспектива е од клучно значење.

Jaap de Hoop Scheffer
Шефер - бара да се најде решение за косовското прашањеФотографија: AP

Според Шефер од витална важност е и вклучувањето во процесот на Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Воодушевен сум од прогресот кој го постигнаа земјите од Јадранската група, рекол Шефер, но потенцирал дека развојот на регионот и НАТО интеграциите ќе бидат забавени ако не најдеме решение за Косово. Предлозите на Ахтисари се добра основа за тоа, рекол Шефер.

Пораки со слична интонација стигнаа и од приемот на претседателот Бранко Црвенковски за учесниците на форумот зачинети со неопходноста од меѓусебна соработка и разбирање во регионот.