Скопје и Атина оствариле напредок за учебниците
24 ноември 2018Според грчкиот весник Екатимерини високи претставници на Грција и на Македонија соопштиле дека е остварен напредок во преговорите за воведување измени во учебниците во двете земји, во рамките на напорите за ставање крај на непријателствата меѓу нив.
Во рамките на Договорот од Преспа , двете страни се обврзаа дека ќе преземат низа мерки во насока на воздржување од непријателски активности и реторика. Слични иницијативи неодамна се покренати и меѓу Грција и Албанија и меѓу Македонија и Бугарија. За напредокот околу ова прашање беше разговарано на состанокот на министрите за надворешни работи Грција, Бугарија, Македонија и на Албанија кој се одржа во Солун.
„Историјата треба да биде можност за учење во училиштата а не (ментален) затвор“ изјави заменикот шеф на грчката дипломатија Јоргос Картугалос. Инаку и грчката и македонската опозиција остро се спротиставуваат на Договорот од Преспа.
Повеќе:
-Се состана македонско-грчкиот комитет за учебниците
На 4. министерски состанок од ваков формат во Солун покрај Картугалос, учествуваа и министрите за надворешни работи на македонија и на Бугарија, Никола Димитров и Екатерина Захариева, како и заменичката шеф на албанската дипломатија Артемиса Драло.
На состанокот меѓу бил разгледан најновиот развој на настаните во регионот во врска со перспективата за членство во ЕУ на земјите од Западен Балкан и можностите за развој на прекуграничната соработка.