По синоќешните безредија и насилство во и околу Собранието на Македонија, денеска ситуацијата беше мирна и со забележително засилено присуство на полицијата. Очевидци говорат за преку 1000 полицајци распоредени околу парламентот. Центарот на Скопје е речиси целосно блокиран за сообраќај.