1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скандал меѓу Албанија и Грција

2 ноември 2005

Ново заострување на грчко - албанските односи е на повидок,откако вчера грчкиот претседател Каролос Папуљас, поради антигрчки демонстрации, ја прекина посетата на Албанија и се врати во Атина.

https://p.dw.com/p/Acep

Папуљас решил да се врати во Грција, откако околу 150 демонстранти се собрале пред хотелот во пограничниот град Саранда, каде тој требаше да оствари неформална средба со албанскиот претседател Алфред Мојсиу. Во протестите учествувале припадници на албанското малцинтво во Грција, кои барале да им бидат платени компензации за одзмените имоти и куќи во Грција. Демонстрантите носеле пароли на кои на англиски и грчлки јазик пишувало “бараме правдина’ и “Престанете да не игнорирате’.

Папуљас, како што е соопштено во Атина, поради протестот, го прекинал патувањето и во грчкиот конзулат во Ѓирокастро чекал два часа демонстрантите да се разотидат, а откако тоа не се случило, се вратил назад во Атина. Во соопштението од кабинетот на Папуљас се наведува дека состанокот е откажан поради “неприфатливо однесување на екстремисти во изнесување непостоечки прашања“, што “не придонесува за подобрување на билатералните односи и европската перспектива на Албанија“.
Грчкото Министерство за надворешни работи на својот амбасадор во Тирана му наложи да вложи остар протест поради тоа што “албанските власти не презеле соодветни мерки за непречено одвивање на состанокот, ниту за обесхрабрување на познатите екстремни елементи“, иако попрецизно не се наведува кои се тие елементи. Албанскиот претседател Мојсиу на собраните грчки новинари во Саранда им изјавил дека е “вчудоневиден“ од одлуката на Папуљас да го откаже состанокот поради “најмирниот можен демократски протест“ - како што ги оценил демонстрациите.
Претседателите Папуљас и Мојсиу на средбата во Саранда се очекуваше да разговараат и за доселувањето на Албанците во Грција, за активностите на грчките бизнисмени во Албанија и за состојбата на Балканот.