Сите германски тимови во осминафиналето
12 декември 2013Борусија Дортмунд, во драматичен меч, победи во Марсеј со 2-1, а човекот на одлука беше Кевин Гроскројц кој решавачкиот гол го постигна во 86. минута. Победата на Борусија значеше и крај на надежите на Наполи дека ќе обезбеди пласман натаму, и покрај победата од 2:0 во дуелот против англискиот Арсенал. За Наполи, Горан Пандев играше до 57. минута, а головите ги постигнаа Игуаин и Каљехон.
И Шалке во Гелзенкирхен успеа да стигне до значајна победа од 2:0 во дуелот против швајцарскиот Базел. На германскиот тим единствено победа му обезбедуваше пласман во осминафиналето и таа дојде благодарение на головите на Дракслер и Матип.
Последното коло во групната фаза го одбележа и Бразилецот Неимар кој во дуелот на неговата Барселона против шкотскиот Селтик (6:1) постигна хет-трик.
Челзи, Шалке, Борусија, Арсенал, Атлетико, Зенит, Барселона и Милан ќе играат во нокаут рундата во ЛШ, додека во Лига Европа ќе продолжат Базел, Наполи, Порто и Ајакс.
Претходно, во вторникот, пласман натаму обезбедија и преостанатите две германски екипи, актуелниот европски првак Бајерн Минхен и Бајер Леверкузен.
Жрепката за нокаут фазата е закажана за понеделник (16.12).
Резултати:
Група Е:
Челзи-Стеауа 1:0
(Демба Ба 10’)
Шалке-Базел 2:0
(Дракслер 51’, Матип 57’)
Табела: Челзи 12, Шалке 10, Базел 8, Стеауа 3
Група Ф:
Наполи-Арсенал
(Игуаин 73’, Каљехон 90’+3)
Олимпик Марсеј-Борусија Дортмунд
(Дијавара 12’ – Левандовски 4‘, Гроскројц 86’)
Табела: Борусија 12, Арсенал 12, Наполи 12, Олимпик 0
Група Г:
Атлетико Мадрид-Порто 2:0
(Гарсија 14’, Диего Коста 37’)
Австрија Виена-Зенит 4:1
(Хосинер 44’ 51’, Хут 48’, Кинаст 90’+3 – Кержаков 35’)
Табела: Атлетико 16, Зенит 6, Порто 5, Австрија 5
Група Х:
Милан-Ајакс 0:0
Барселона-Селтик 6:1
(Пике 7’, Педро 49’, Нејмар 45’ 48’ 58’, Тељо 72’ – Самарас 89’)
Табела: Барселона 13, Милан 9, Ајакс 8, Селтик 3.