Сеуште неизвесна судбината на јужнокорејските заложници во Авганистан
24 јули 2007Реклама
Продолжува и заложничката драма со 23 киднапирани Јужнокорејци во Авганистан . Делегација на племенски поглавари и влијателни религиозни лидери се обидуваат да преговараат со Талибанците за ослободување на заложниците. Портпарол на исламистичките борци во меѓувреме по трет пат го продолжи поставениот ултиматум за 24 часа . Имено Талибанците бараат размена на заложниците за 23 припадници на движењето што се наоѓаат во авганистаските затвор. Во спротивно се заканија дека ќе ги убијат Јужнокорејците.