1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Серија инциденти на локалните избори во Албанија

9 мај 2011

Серија инциденти ги одбележаа локалните избори што вчера се оддржаа во Албанија, а десетици лица се уапсени заради насилство. Во главниот град Тирана, нова победа на социјалистот Еди Рама.

https://p.dw.com/p/11BvA
Фотографија: DW

Социјалистичката партија на Еди Рама прогласи победа на општинските избори за градоначалник во главниот град Тирана, соопшти грчката агенција АНА-МПА. Според податоци на Социјалистичката партија, сегашниот градоначалник Еди Рама доби 53 отсто наспроти 42 отсто за кандидатот на Демократската партија Лулзим Баша. Ова ќе биде четврти мандат за Еди Рама, кој е лидер на опозициските социјалисти.

Власта и локалните медиуми известија за повеќе инциденти, вклучувајќи и судири меѓу членовите на избирачките одбори од различни партии, како и меѓу избирачи, пренесуваат западните агенции.Полицијата уапсиla десетици лица обвинети за насилство за време на гласањето.

Премиерот Сали Бериша изборите ги оцени како најдобри во историјата на земјата.

„Ги поздравувам граѓаните кои гласаа на најевропски начин во нашата историја. Изборите беа мирни и достоинствени“, изјави Бериша.

Рама излезе со спротивна оценка.

„Изборниот процес покажа спектакуларни примери и докази за нешто што не е во согласност со меѓународните стандарди“, рече Рама.

Илјадници полијаци ги чуваа гласачите

Иако и Социјалистите на Рама и Демократите на Бериша прогласија победи, ниту една партија не организираше славје.

Premierminister Albanien Sali Berisha Tirana Albanien Kommunalwahl Mai 2011
Премиерот Сали Бериша задоволен од изборитеФотографија: AP

Повеќе од 5.000 полицајци ги обезбедуваа избирачките места, кои официјално беа затворени во 19 часот, но на оние кои во редови чекаа да гласаат им беше дозволено тоа да го направат и по завршувањето на времето за гласање.

Според податоците на Централната изборна комисија, на изборите гласаа 50,9 отсто од граѓаните со право на глас, пренесе АТА. Првите прелиминарни резултати се очекуваат денеска.

На изборите учествуваа 45 партии, кои беа поделени во две коалиции-Алијанса за иднината, што ја предводи лидерот на опозициските социјалисти Еди Рама и Алијансата за граѓаните, на чело со конзервативната Демократска партија на премиерот Сали Бериша.

Автор:БГ/миа

Редактор:Борис Георгиевски