1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сепаратистите го прифаќаат прекинот на огнот во Украина

АТ/ дпа/афп/ртр24 јуни 2014

По армијата, сега и проруските сепаратисти во Источна Украина сакаат да го положат оружјето до 27. јуни. Тие се надеваат на преговори, како што соопшти нивниот водач од Доњецк.

https://p.dw.com/p/1COzv
Фотографија: Reuters

Ненадеен пресврт во украинскиот конфликт. Проруските сепаратисти на истокот на земјата се согласија со привремено примирје, најмалку до петок. Водачот на сепаратистите Александер Бородај во Доњецк изјави дека бил подготвен за преговори со Киев.

Претходно во Доњецк, на изненадување претставници на Русија и на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) се сретнаа со водачите на бунтовниците блиски до Москва. Прекинот на огнот бил резултат од овие преговори, појасни екс-претседателот Леонид Кучма.

Претседателот на Украина Петро Порошенко на крајот на минатата недела прогласи еднострано прекин на огнот. Но, оттогаш борбите меѓу проруските бунтовници и владините трупи продолжија.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнамајер во Киев ги продолжува разговорите. Тој пред сѐ сака да увиди како ЕУ може да го поддржи мировниот план на Порошенко. Ова е „без сомнение одлучувачка недела за Украина“, смета германскиот министер.