1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

220709 Porsche VW

23 јули 2009

Tешката битка за моќ меѓу автоконцерните „Порше“ и „Фолксваген“ е заплеткана интересна семејна приказна.

https://p.dw.com/p/IvMk
Порше и ВолксвагенФотографија: picture-alliance/ dpa

На почетокот на целиот заплет се наоѓа инженерот Фердинанд Порше. Во 1930 тој создава конструкторско биро, што подоцна прераснува во посебна фирма. Фердинанд Порше е клучната фигура на плановите за „Фолксваген-бубата“ во времето на нацистите. Кога тој умира во 1950 година, фирмата „Порше“ се дели на два дела меѓу синот Фери и ќерката Луизе. Таа, пак, се мажи за Антон Пиех, човекот кој ја води главната фабрика на „Фолксваген“ во Волфсбург за време на Втората светска војна. Синот на Антон и Луизе, роден во 1938 година, е денешниот шеф на најголемиот европски концерн „Фолксваген“, Фердинанд Пиех. Тој ја почнува кариерата во „Порше“, но подоцна заминува во „Ауди“, а од 1993 година е на чело на „Фолскваген“ - прво во Управниот, а потоа во Надзорниот одбор.

Professor Ferdinand Porsche
Од него почна се’: инженерот Фердинанд Порше, снимен во 1935 годинаФотографија: AP

Борба на братучеди

Негов главен противник во борба за моќ меѓу двата коцерна е Волфганг Порше, најмлад син на Фери Порше и братучед на Фердинанд Пиех. Главен менаџер на „Порше“, пак, досега беше Венделин Ведекинг, кој во 90-тите години го извлекува концернот од кризата, а подоцна ги вложува големите добивки во вносни финансиски зделки - сето со крајна цел: преземање на „Фолксваген“. Таа цел се чинеше многу блиску на почетокот на годинава, кога „Порше“ успеа да откупи 51% од акциите на „Фолскваген“, иако станува збор за 20 пати поголемо претпријатие. „Тоа мора човек да си го замисли: со обрт од 7,4 милијарди да добие влијание врз концерн што врти меѓу 140 и 150 милијарди евра годишно. Тоа е неверојатно, но исто така и она што од секогаш го сакавме“, порача топ-менаџерот на „Порше“, Ведекинг.

Wolfgang Porsche und Ferdinand Piech
Пресметка на братучеди: Фердинанд Пиех (лево) и Волфганг ПоршеФотографија: picture-alliance/ dpa

Пусти соништа

Сонот на Ведекинг не му се остварува, бидејќи според еден интерен закон, во „Фолксваген“ главен збор има покраината Долна Саксонија, која поседува само 20% од акциите. Освен тоа, на победничкиот поход на Ведекинг му се испречува и финансиската криза, така што „Порше“ запаѓа во големи долгови поради откупувањето акции на „Фолскваген“. Ситуацијата ја користи шефот на „Фолскваген“ Фердинанд Пиех, кој издејствува од двете семејства Порше и Пиех согласност за фузија на двата автомобилски концерни. Намерата на Пиех е да го приклучи „Порше“ како десетта марка во царството на „Фолскваген“.

Автор: Андреас Бекер / Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска