1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Седум загинати во антитерористичка акција во Северен Кавказ

СН/ЖА/дпа/ртр/миа29 декември 2012

Руските безбедносни сили денеска убија седум екстремисти и ослободија едно шестгодишно девојче, што беше киднапирано во Дaгестан.

https://p.dw.com/p/17B1t
Фотографија: AP

Во антитерористичка акција во рускиот конфликтен регион Северен Кавказ, безбедносните сили убиле најмалку седум осомничени исламисти, меѓу нив и една жена. Руските специјални единици покрај тоа ослободиле и едно девојче кое било држано како заложник од страна на екстремистите, изјави портпарол на националниот антитерористички комитет за руската новинска агенција Интерфакс. Во акцијата во Махачкала, главниот град на руската република Дагестан на Каспиското Море биле повредени двајца полицајци. Инцидентот се случил во една станбена зграда во Махачкала, во која екстремистите упаднале во стан и го киднапрале детето. Осомничените исламисти најнапред се обиделе да побегнат, пришто фрлиле бомба и отвориле оган вра специјалните сили.

Во кризниот регион Северен Кавказ покрај Дагестан се наоѓаат и републиките Ингушетија и Чеченија. Во оваа област со години наназад радикално-исламистичките бунтовници се борат за независност од Москва и формирање на исламска држава. Бунтовниците често ги напаѓаат припадниците на полицијата и на безбедносните сили, како и претставници на на регионалните и локалните власти.