1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се зголеми бројот на жртвите во Пакистан

1 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Ble3

Во самоубиствен напад што се случи во северо-западен Пакистан, загинаа најмалку 15 луѓе. Според полициски извори, во нападот што го извршил атентатор самоубиец се повредени повеќе од 20 лица. Бомбата најверојатно била сокриена во рикша. Во овој регион кој се наоѓа на границата со Авганистан пакистанската полиција честопати се судрува со радикални талибански борци.