Барање за одземање на имунитетот на Гуаидо
2 април 2019Во Уставотворното собрание седат исклучиво приврзаници на шефот на државата Николас Мадуро, со кого лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо со месеци води огорчена борба за власт. Врховниот суд, кој исто така му е верен на Мадуро, го обвинува Гуаидо дека во февруари ја напуштил Венецуела и покрај забраната за излегување од земјата и заминал во посета на низа јужноамерикански земји.
Повеќе:
Дали во Бугарија се „переле“ милиони „валкани долари“ од Венецуела?
Загатката за руските војници во Венецуела
Гуаидо е прв човек на парламентот, кој е под контрола на опозицијата. Тој бара оставка на Мадуро, формирање преодна влада и одржување слободни избори. Во јануари Гуаидо се самопрогласи за преоден претседател. Во меѓувреме тој е признат од околу 50 држави во светот, меѓу нив и Германија, САД и низа јужноамерикански земји.
Против 35-годишниот Гуаидо веќе се водат истраги поради обвинувања за противправно приграбување на власта. Неодамна му беше изречена забрана за извршување на политички функции во наредните 15 години. Покрај политичкиот конфликт, во Венецуела владее и тешка економска криза, со акутен проблем со снабдување. Во земјата постојано снемува и електрична енергија, поради што големи делови од Венецуела се парализирани.