1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светските шампиони ги започнуваат европските квалификации

СН/ам/дпа/миа/дв/сид7 септември 2014

Со осумте натпревари од три групи кои се играат денеска стартуваат квалификациите за Европското првенство 2016 (ЕУРО 2016) што ќе се одржи во Франција. Светскиот првак - Германија, ослабен влегува во дуелот со Шкотска.

https://p.dw.com/p/1D8K3
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Thissen

Светскиот првак во фудбал, репрезентацијата на Германија, ги започнува квалификациите за ЕУРО 2016 во Франција. Осум недели по победата во финалето во Рио де Женеиро против Аргентина, тимот на селекторот Јоахим Лев, ќе го одигра првиот официјален натпревар и тоа против репрезентацијата на Шкотска. Мечот ќе се игра на стадионот „Сигнал Идуна“ во Дортмунд, а започнува во 20 часот и 5 минути. Останати противници на Германија во групата Д се уште и Полска, Грузија, Ирска, Гибралтар , кои исто така своите мечеви ги имаат денеска.

„Ќе биде тешко против Шкотска, Ирска, Полска и Грузија. Нема да биде едноставно, но играчите мора сега да го прифатат овој предизвик. Мотивацијата започнува со натпреварите за бодови“, изјави селекторот Лев пред мечот со Шкотска.

Притоа тој не може да смета на многу важни играчи и тоа не само Филип Лам, Мирослав Клозе и Пер Мертезакер, кои се откажаа од настапите во репрезентацијата. Меѓу другите за дуелот со Шкотска недостасуваат: новиот капитен на репрезентацијата, Бастијан Швајнштајгер, Матс Хумелс, Сами Кедира и Месут Озил.

Згора на тоа, според Лев, Шкотите влегуваат самоуверено во дуелот со оглед дека една година немаат претрпено пораз во официјалните натпревари. Сепак Германија разбирливо, како светски шампион, влегува како голем фаворит во мечот во Дортмунд и Лев е уверен дека со поддршка од публиката ќе се постигне првата цел (три бода) од мисијата - финале во Париз во 2016. година

Fußball Bundestrainer Joachim Löw
Германскиот селектор Јоахим ЛевФотографија: picture-alliance/dpa/B. Thissen

Македонија, пак, својот прв квалификациски натпревар ќе го одигра утре против европскиот шампион Шпанија во Валенсија.

Според новиот формат на УЕФА од овие квалификации натпреварите од едно коло ќе се играат во три дена и во два термина.

Денеска се играат дуелите:

Д група: Грузија – Република Ирска, Германија – Шкотска, Гибралтар – Полска.

Ф група: Унгарија – Северна Ирска, Фарски острови – Финска, Грција – Романија.

И група: Данска – Ерменија, Португалија – Албанија. Србија е слободна.