Светските прваци ќе атакуваат на европското злато
17 мај 2016Младите играчи за врска Јозуа Кимих и Јулијан Бранд се најголемите изненадувања на провизорниот список на германската фудбалска репрезентација за Европското првенство во Франција, кој денеска го објави селекторот Јоахим Лев.
21-годишниот Кимих од Бајерн Минхен и 20-годишниот Бранд од Бајер Леверкузен се најдоа на списокот од 27 играчи заедно со искусните Бастијан Швајнштајгер и Лукас Подолски кои заедно имаат повеќе од 240 настапи за актуелниот светски првак и ова ќе им биде четврто европско првенство.
Младите Јулијан Вајгл од Борусија Дортмунд и Лерој Сане од Шалке, исто така ќе можат да се надеваат на настап на првенството откако веќе дебитираа во квалификациите за сениорскиот тим.
Настапите на Европското првенство, Германија ги почнува на 12 јуни против Украина во рамки на Групата Ц.
Тимот на Германија:
Голмани: Мануел Нојер (Бајерн Минхен), Бернд Лено (Бајер Леверкузен), Марк-Андре Тер Стеген (Барселона).
Одбрана: Жером Боатенг (Бајерн Минхен), Емре Чан (Ливерпул), Јонас Хектор (Келн), Бенедикт Ховедес (Шалке), Матс Хумелс (Борусија Дортмунд), Шкодран Мустафи (Валенсија), Себастијан Руди (Хофенхајм), Антонио Рудигер (Рома).
Среден ред: Карим Белараби (Бајер Леверкузен), Јулијан Бранд (Бајер Леверкузен), Јулијан Дракслер (Волфсбург), Марио Геце (Бајерн Минхен), Сами Кедира (ЈУвентус), Јозуа Кимих (Бајерн Минхен), Тони Крос (Реал Мадрид), Томас Милер (Бајерн Минхен), Месут Езил (Арсенал), Лукас Подолски (Галатасарај), Марко Ројс (Борусија Дортмунд), Лерој Сане (Шалке), Андре Ширле (Волфсбург), Бастијан Швајнштајгер (Манчестер Јунајтед), Јулијан Вајгл (Борусија Дортмунд).
Напад: Марио Гомез (Бешикташ).