Санадер пристигна во затвор во Загреб
19 јули 2011Санадер веќе мина седум месеци во притвор во Салцбург. Во аферата „Фини Медиа“ поранешниот премиер се товари дека се здружил со поранешниот шеф на хрватските царини, Младен Баришиќ и со другите осомничени и ја злоупотребил премиерската функција и овластувања за да извлече пари од неколку министерства и државни претпријатија, преку приватната фирма по која и го доби името оваа афера. Постојат сомневања дека на тој начин тој извлекол речиси 15 милиони евра. Санадер ги отфрла обвинувањата и тврди дека станува збор за кампања против него што ја иницирале неговите политички противници. Владата во Загреб во последно време ја засили борбата против коруипцијата во контекст на завршувањето на пристапните преговори и приемот во ЕУ.
Автор: ГЧ/ЖА/дв
Редактор: Трајче Тосев