1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови права

„Само сакаме да заминеме од Србија“

СН/ агенции
27 декември 2017

Група мигранти од понеделникот наваму протестира кај Шид, на српско-хрватската граница. Мигрантите не се задоволни во Србија и сакаат да заминат на Запад. Српските власти ги обвинуваат за злоупотреба на гостопримството.

https://p.dw.com/p/2pyzP
Flüchtlinge im Grenzgebiet zwischen Serbien und Kroatien
Фотографија: Dimitris Tosidis

Околу 150 мигранти кои учествуваа во протестот носеа транспарент „Постоиме“ и бараа од хрватската полиција да ги пропушти преку границата. Хрватска испрати дополнително полициско обезбедување на границата, но инциденти немаше. „Сакаме само да ја напуштиме Србија“, изјавуваа мигрантите и порачаа дека се незадоволни од тоа што некои од нив и околу две години чекаат во прифатните центри во Србија за преминување на границата.

Погледнете го видеото на оваа тема:

Протест на мигранти во Србија

 „Нема никакви шанси за тоа“, оценуваат во Комесаријатот за бегалци на Србија. Комесарот Владимир Цуциќ истакна дека Хрватска нема да ги пропушти мигрантите исто како што и Унгарија не го стори тоа за време на сличните протести во текот на оваа година.

Според него и овојпат станува збор за злоупотреба и манипулација на мигрантите од страна на претставници на некои невладини организации.

Повеќе на темата:

-Заглавени на Балканот

Стравот на Балканот од Ердогановите бегалци-

Цуциќ денеска соопшти дека српската полиција ја префрлила групата која протестирала на границата кај Шид во прифатниот центар Принциповци во Бела Паланка и додаде дека групата ја сочинуваат луѓе кои ги злоупотребуваат безвизниот режим и гостопримството на Србија.