Самитот Г8 во Шкотска, одлуката Лондон да биде домаќин на ЛОИ во 2012
7 јули 2005„ Весникот Хамбургер Моргенпост„ во коментарот за одлуката на Меѓународниот олимписки комитет забележува:
„ Поразот за Жак Ширак и цела Франција не е ништо помал од поразот во битката во Трафалгар чија двестегодишнина Бтитанцте неодамна демонстративно ја прославија. Сега се случи и оваа олимписка победа против вечниот ривал. Би можело едноставно да им се честита на британците и да се помине на поважни теми, но овој пат меѓу редови може да се прочита горчлива порака која Европејците повторно ги потсетува на времето на поделби. Тоа што се случуваше минатите месеци низ Ла Манш во двете насоки, ги минува границите на препукување, без разлика дали се работи за војната во Ирак, земјоделските субвенции, евроспкиот устав или дури баналното прашање чија кујна е подобра. Тука се повеќе се зголемува длабока нетрпеливост која докажува дека Европа сеуште не ги надминала вековните поделби„ закључува коментаторот во весникот „ Хамбургер Морген„
Вниманието на германските коментатори во најголем дел е насочено кон самитот во Шкотска каде по последните немили настани во Лондон сепак е одлучено да продолжат разговорите. Шефовите на државите од Групата 8 најразвиени, денеска без Тони Блер расправаат за Африка и климатските промени
Весникот „ Тагеспот„ во коментарот забележува:
„ И денеска кога најмоќните светски државници заседаваат во еден луксуен хотел во Шкотска, во Африка и натаму се умира од глад, болести и војни. Тука ниту самитот на државите од групата 8 нема ништо да смени. Страдањата на цивилите во Судан ќе продолжат, исто како и крвавата војна во источен Конго. Претседателот на Зимбабве и натаму ќе го угнетува и малтретира својот народ пред очите на политичката јавност. Затоа и овој самит во Шкотска, како и многуте пред него, ќе остане забележан само по ветувањата и добрите намери, беа разлика на одлуката да им се простат надворешните долгови на поедини африкански држави„ закључува „ Тагеспот„
Со сличен став е и „ Ноје Рур Цајтунг„ во чиј коментар читаме:
„ Отпишувањето на долговите на најсиромашните африкански држави нема да биде од голема помош доколку не се направат натамошни чекори. Сепак шефовите на влади и држави од Г8 својата одлука веројатно ќе ја прогласат како историски значајна. Меѓутоа, на Африка и е потребно многу повеќе. Неопходни се промени во размислувањето и во пристапот кон проблемите на вој континент. Ова важи како за донаторските, така и за африканските држави. Магичната формула гласи: создавање праведни услови за учество во светската трговска размена. Само така е можно да се оствари пресврт„ закључува во коментарот весникот „ Ноје Рур Цајтунг„