1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит на ЈИЕ во Охрид

Милчо Јовановски20 април 2007

Денеска во Охрид се оддржува самит на шефовите на држави на ЈИЕ. Тема на која се дебатира е енергетската политика во регионот.

https://p.dw.com/p/Abxf
Охрид
ОхридФотографија: MIA

Со билатереални средби оддржани синоќа и рано утрово во Охрид почна самитот на земјите од Југоисточна Европа. Тема на која расправаат шефовите на држави од регионот е “Долгорочна енергетска стабилност – предуслов за економски развој”. Домаќин на средбата е претседателот на Македонија, Бранко Црвенковски. Оваа конференција е логична реакција со оглед на проценките дека не земјите од Југоисточна Европа им се потребни околу 30 милијарди евра за да го покријат тековното зголемување на потребите од енергија. Експертите алармираат дека дефицитот на енергија ќе расте и барањето алтернативни извори треба да се забрза.