Претседателите на земјите од регионот на ЈИЕ во Охрид одржаа самит посветен на енергетската политика. Тие се согласија дека енeргетиката треба да биде меѓу приоритетните прашања во земјите од регионот и дека е неопходна долгорочна енергетска стабилност. Во Охрид беше потпишана и соодветна декларација. Сепак, самитот и проблемот на енергијата паднаа во сенка на најактуелното прашање во регионот во момент
https://p.dw.com/p/Abxe
Реклама
ов – Косово и неговиот иден статус. Прашањето доминираше на билатералните разговори и на завршната прес-конференција.