1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

260811 USA Hurrikan Irene

26 август 2011

Источниот брег на САД се подготвува за ураганот Ајрин. Во неколку сојузни држави веќе е прогласена вонредна состојба, а загрозени се околу 65 милиони луѓе. Ајрин најпрво ќе удри во државата Северна Каролина.

https://p.dw.com/p/12O11
Фотографија: picture-alliance/dpa

Времето се‘ уште добро ќе ги служеше гостите на плажите на американскиот источен брег, да не беше Ајрин. Ураганот се очекува да удри викендов (27/28 август) на подрачјето на Северна Каролина. Дел од граѓаните веќе ги напуштаат своите домови, останатите се подготвуваат за бурата.

Милтон Фелпс, сопственик на продавница, вели:

„Веќе со години е безбедно и ќе се обидам да го мина и ова.“

Во продавниците низ целиот регион вообичаена сцена: луѓето купуваат заштитни плочи и опрема за прва помош. Во пет држави веќе е прогласена вонредна состојба.

Hurrikan "Irene" in der Karibik Flash-Galerie
Фотографија: picture alliance/ZUMA Press

Ед Рапапорт, заменик директор на Националниот центар за урагани, оценува:

„Ова е релативно редок настан за североистокот. Всушност, според прогнозите, па дури и рутата малку да се промени, ова ќе биде искуство кое се доживува еднаш во генерација за луѓето на североистокот и во Њу Ингланд.“

На Бахамите, ураганот веќе предизвика големи штети. Со ветрови со брзина од 185 километри на час, Ајрин мина низ југоисточниот дел на островот.“

Метеоролозите очекуваат ураганот да добие на сила на својата патека низ морето.

 

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Моника Грибелер/Борис Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска