1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД сакаат да запленат ирански танкер 

17 август 2019

Американското министерство за правда издаде сојузен налог за заплена на Грејс 1, ирански нафтен танкер кој претходно беше запрен во Гибралтар. САД тврдат дека бродот е предмет на конфискација

https://p.dw.com/p/3O3UK
Supertanker «Grace 1» liegt vor Gibraltar
Фотографија: AFP/J. Guerrero

Одлуката на американското министерство следува откако судот во Гибралтар дозволи ослободување на бродот, и покрај жалбата од САД. Танкерот беше пресретнат од британската морнарица на 4 јули под сомнеж дека ги прекршува санкциите на ЕУ со превоз на нафта кон Сирија. 
САД тврдат дека нивниот налог е базиран на прекршувања на меѓународното право, како и банкарска измама, перење пари и тероризам. Со тоа се оправдува конфискацијата. 
Американската влада објаснува дека бродот, вклучително и два милиони барели нафта во него како и сума од 995 илјади долари, се предмет на конфискација. 
Вашингтон се обиде да го задржи танкерот во Гибралтар со тврдење дека тој е поврзан со иранската Револуционерна гарда, која САД ја сметаат за терористичка организација. 
Американската обвинителка Џеси Лу во соопштение наведе дека „шемата вклучува повеќе страни поврзани со Револуционерната гарда, како и лажни патувања на Грејс 1“. 
Танкерот останува во пристаништето во Гибралтар и неизвесно е дали и кога ќе отплови оттаму, откако судот му даде дозвола да го стори тоа.