САД погодени од „циклонска бомба“
5 јануари 2018Обилните врнежи од снег и невремето во повеќе делови од источниот брег на САД доведоа до вистински хаос. Во некои места вчера наврнаа до 40 сантиметри снег, забележани се бројни сообраќајни несреќи и дефекти на системот за снабдување со електрична енергија.
На крајбрежјето луѓето се борат со поплави, а во бројни региони гувернерите и локалните власти прогласија вонредна состојба поради природна катастрофа. Синоќа зимската бура продолжи кон североисточниот дел од источниот брег на САД, откако претходно предузвика бројни проблеми во јужниот дел. Само во Масачусец без електрична струја останаа 24.000 домаќинства, а слични проблеми имаше и во сојузните држави Вирџинија, Конектикат и Нова Англија. Илјадници авионски летови мораа да бидат откажани, а голем број од училиштата ја прекинаа наставата. Во справувањето со последиците од невремето биле ангажирани и речиси 500 членови на Националната гарда.
До поплави дојде во Масачусетс, Бостон и Мејн. Според ТВ Ен-Би-Си, поради студеното време од периодот по 26 декември досега починале најмалку 20 лица. Њујорк, и покрај стравувањата, вчера остана поштеден од посилен удар на невремето, а авионскиот сообраќај на аеродромот Џон Кенеди од утрово повторно е воспоставен.
Американските медиуми веќе со денови за зимската бура го употребуваат терминот „циклонска бомба“, кој означува рапидно засилување на циклон и последователен ефект на експлозија при меѓусебен судир на многу студени со топли воздушни маси, што предизвикува своевиден ефект на бомба.