1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Или десет илјади војници или ниеден

ЖА/дв/дпа/ртре23 јануари 2014

Сѐ или ништо, вака гласи мотото за идното присуство на САД во Авганистан. Според плановите, по повлекувањето на меѓународните трупи, во земјата треба да останат или десет илјади војници или ниеден.

https://p.dw.com/p/1Avvo
Фотографија: Javed Tanveer/AFP/Getty Images

Предлозите САД во Авганистан да задржат 10 илјади војници во период од две години по завршување на НАТО воената мисија, во Белата куќа ги презентирал командантот на НАТО-мисијата, Џозеф Дандорф, пишуваат „Њујорк тајмс“ и „Вол стрит џурнал“.

Во тек е расправа за овој предлог на генералот на безбедносните сили во Авганистан, Џозеф Дунфорд, кој е поткрепен и со мислењето на тајните служби. Неговата реализација и понатаму зависи од тоа дали авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи, наскоро ќе го потпише билатералниот договор за сигурност помеѓу двете земји со кој се одредува меѓународно воено присуство во Авганистан и по 2014. година.

Вашингтон се надева дека доколку биде потпишан овој договор на 10- те илјади американски војници ќе им се придружат уште две до три илјади НАТО војници од другите земји членки.

Во моментов во Авганистан има 37.500 американски и 19.000 НАТО војници од земјите членки.

„Ако не биде можно останувањето на 10 илјади американски војници, ќе сметаме дека работата е неуспешна и подобро да не останува ниеден“, цитираат весниците изјави од воени кругови. Военото раководство на САД е уверено дека помалку од 10 илјади војници не се во состојба да вршат доволна заштита на офицерите на тајните служби и на дипломатите.