1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД и Јужна Кореа нема да употребат сила за ослободување на заложниците во Авганистан

2 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BP4G

По истекот на последниот ултиматум нема информации за судбината на 21 јужнокорејски државјани кои се заложници на талибанските екстремисти во Авганистан. Портпарол на талибанците соопшти дека сите заложници се живи, но предупреди на лошата здравствена состојба во која се наоѓаат две жени. Грабнувачите бараат ослободување на своите соборци од затворите во земјата, властите во Кабул засега тоа го одбиваат. САД и Јужна Кореа во меѓувреме се договорија да не преземаат сила за ослободување на заложниците. Сеуште нема напредок и во преговорите за ослободување на германскиот инженер, кој исто така е заложник на талибанците во Авганистан.