САД и ЕУ ја споделуваат оценката на ОБСЕ за изборите
29 април 2014Претставниците на САД и на ЕУ би сакале да им оддадат признание на граѓаните на Македонија, кои го искористија своето право на глас на парламентарните и на претседателските избори на 27 април.
Ние ја споделуваме оценката на ОБСЕ/ОДИХР во поглед на ефикасното спроведување на неодамнешните избори. Забелешките што тие ги изразија, слични на оние од 2011 и 2013 година, а кои се однесуваат на пристрасно покривање од страна на медиумите и на непостоење на разграничување на државните од партиските активности, што не овозможува рамноправен терен за натпревар, треба да бидат адресирани, велат од мисиите на ЕУ и САД.
Во тие напори мора да се вклучат партиите што ќе ја формираат новата влада и да се ангажираат со опозицијата во конструктивен дух. Тие мора да се осврнат не само на техничкиот аспект на организирање на избори, туку мора да ги адресираат и сите неправилности и диспропорционалности во поширокиот изборен систем, бидејќи со нив се ризикува да се поткопа довербата во демократскиот процес, порачуваат претставниците на ЕУ и САД.
„Ги повикуваме сите лидери на политичките партии конструктивно да се ангажираат во реформите кои ќе го унапредат процесот на евро-атлантската интеграција, ЕУ и САД остануваат партнери на замјата во тие напори“, се вели во заедничкото соопштение на двете амбасади.