1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Руското „чудо од оружје“ - реалност или научна фантастика?

Фабијан Шмит
15 август 2019

Дали експлозијата што се случи на руска воена база која предизвика зрачење би можела да е предизвикана од неуспешен старт на наводно „чудо од оружје”? Што знаеме за нуклеарното летечко тело?

https://p.dw.com/p/3NwDN
Screenshot BBC- russische 'unsichtbare' Atomraketen
Фотографија: bbc

За прв пат рускиот претседател Владимир Путин новото супер оружје го спомена во обраќањето до нацијата на први март 2018 година. Тој претстави анимирано видео на кое се гледа ракета на далечно управување која најпрво ги избегнува антиракетните системи во Атлантикот, потоа лета наоколу за на крајот да уништи мета на Хаваите. Државната телевизија „Русија денес“ го презентираше новото оружје со име „9M730 Буревестник" на Јутјуб во рамки на претставувањето цел арсенал ново оружје. Најпрво се поставува прашањето дали од Путин и телевизијата претставените слики во стилот на видео игри се реалност, или само научна фантастика?

Индиции за експерименти со оружје

На 8 август во воена постројка во Арахангелск се случи огромна експлозија. Според Руската нуклеарна агенција Росатом петмина соработници загинале во експлозија при тестирање на течно гориво за погон на ракети. Тројца други се стекнале со изгореници. Соопштението на Росатом отвора повеќе прашања, со оглед на тоа дека се известува за „изотопи", а повеќето од нив се радиоактивни, што не е вообичаено гориво за ракета на течен погон. Организацијата за заштита на климата Гринпис, повикувајќи се на податоци од Руското министерство за справување со катастрофи, тврди дека по експлозијата степенот на зрачење во Северодовинск бил дваесеткратно зголемен, пренесува новинската агенција Ројтерс. И тоа укажува на ослободување на радиоактивни супстанци во околината.

 Поради тоа што ракетите на течен погон не емитуваат радиоактивност, разумно е да се претпостави дека тестираното летало е направено со комбинација на конвенционален и нуклеарен погон.

Иако Владимир Путин тврдеше дека новата крстосувачка ракета е успешно тестирана уште во 2017 година, докази за тоа нема. Американската телевизија СиЕнБиСи кон крајот на март 2019 година, повикувајќи се на разузнавачки кругови, јави дека крстосувачката ракета од февруари 2018 година до сега е пет пати тестирана и секој пат се уривала. Никогаш не летала повеќе од 22 метри

Ако ова оружје навистина постои, тогаш би било првата интерконтинентална крстосувачка ракета во светот. Стратешки би била супериорна и во однос на Интерконтиненталната балистичка ракета (ИЦБМ), чија траекторија по лансирањето не може да се промени и теоретски може да биде погодена од систем за противракетна одбрана.

USA Raketentest ICBM
Тестирање Интерконтинентална балистичка ракета, Калифорнија 2017 годинаФотографија: Reuters/L. Nicholson

Сепак, ИЦБМ е незапирлива од 1980 година, бидејќи таа достигнува огромна брзина. Американските и руските  атомски ракетисе опремени со повеќе боеви глави, така што нивната огнена моќ повеќекратно ја надминува било која воздушна одбрана.

Како може да функционира нуклеарниот погон?

Нуклеарен ракетен мотор не ја користи енергијата од согорувањето, за да се придвижи, туку топлината која се создава од нуклеарната фисија. Речиси веднаш по крајот на Втората светска војна научниците во САД и Советскиот сојуз започнаа да работат на развој на вакви нуклеарни погони за авиони и носачи на ракети, но сите обиди беа безуспешни.

Соодветните авиони кои беа конструирани од  двете светски сили  летаа, но не на нуклеарен погон наменет за тоа, туку со конвенционални мотори за авиони. Целта на експериментите секогаш беше да се тестира заштитеноста на екипажот од радиоактивноста на нуклеарниот погон.

Радиоактивноста е веројатно една од најголемите закани на ракета на нуклеарен погон. И покрај тоа што во случајов не се работи за заштита на екипажот, имајќи предвид дека се случува атомска синџирна реакција која произведува доволно топлина за да се забрза ракетата до суперсонична брзина, сепак уривање и несреќа би можело локално да предизвика катастрофални последици. Веројатно војската и инженерите ги имаат земено во предвид можните колатерални штети и на пријателска територија во случај на нуклеарна пресметка.

Од друга страна инцидентот кај Архангелск исто така може да биде показател за опасностите од  употреба на ваква технологија дури и во мирнодоpски услови.